Искусниот стручњак Драган Николиќ и во новата сезона ќе води од АБА 2 лигата, по кратката авантура во МЗТ Скопје.
Од вчера, тој е нов тренер на црногорскиот прволигаш Сутјеска кој претстојната натпреварувачка кампања треба да се натпреварува во АБА 2 лигата. Тоа значи и враќање на Николиќ во ова натпреварување каде последен пат учествуваше како предводник на Борац Бања Лука во сезоната 2021/22.
Николиќ е познато име во регионот бидејќи последните десетина сезони водеше голем број клубови од Македонија, Србија и БиХ. Покрај МЗТ Скопје, во Македонија го водеше и Карпош Соколи со кого во 2017 година го освои националниот Куп, во Србија беше тренер на Ушќе, Младост Земун, Пролетер, Тамиш, Раднички и Металац, а во БиХ, на Игокеа и Борац.