НИКОЛОВСКИ: Би сакал барем една победа од претстојните два меча

0Shares
0 0

Со 33 години, Кирил Николовски ќе биде еден од најискусните во македонската репрезентација во претстојниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА.

Некогашниот стандарден член на националниот тим се враќа по пауза од четири години, а како резултат на фантастичната форма во која игра оваа сезона во домашното првенство. Во моментов, повозрасен од него е само Дамјан Стојановски, па по сето ова, се очекува Николовски да биде еден од носителите на играта на репрезентацијата во дуелите со Шпанија и Украина.

„Свесни сме дека ова е огромен предизвик за сите нас кои се собравме тука, и најважно е да дадеме максимум од своите можности. До каде ќе нè доведе тоа во еден ваков натпревар, ќе видиме.

Реално и искрено посакувам да се ‘потрошиме’, да одиме до крајот. Да видиме колку навистина сме подготвени да играме против актуелниот светски шампион. Освојувач на планетарнотозлато, без оглед на имињата во ростерот кој е најавен за нивното гостување во Скопје.

Лично, би сакал добрата форма од натпреварите во домашниот шампионат да ја пренесам на теренот во овие два натпревари. Не би имал ништо против да имаме една победа во овие два натпревари кои се пред нас“, изјави Николовски на почетокот од подготовките.

Македонија ја пречекува Шпанија на 26 ноември, а три дена подоцна гостува во Украина. Во групата се наоѓа уште Грузија со која се среќаваме во февруари.

0Shares
0 0