Кошаркарот на Партизан Водно Санс, Никола Јаничиќ е прогласен за најкорисен играч на суперфиналниот турнир од EYBL што се играше во Финска, а на кој нашиот тим ја освои титулата.

На петте натпревари што ги одигра, Јаничиќ просечно постигнуваше по 25,3 поени со што е втор стрелец на турнирот, 9,5 скока, 4,5 асистенции и просечен индекс 29, исто така втор највисок. За 14-годишниот играч ова е второ вакво признание откако беше МВП и на турнирот во Дебрецен во март, а во Печ во јануари беше во најдобрата петорка.

Сега во неа имаше место и за Дамјан Ивановски кој, исто така, прикажа фантастични игри. Просечно постигнуваше по 17,5 поени, 10,3 скока (трет скокач на турнирот) и индекс 23,3.