Кошаркарот на Филаделфија 76, Кели Убре завршил в болница откако синоќа бил удрен од моторно возило додека минувал улица.
Несреќата се случила во центарот на Филаделфија, во близина на домот на Убре, а по прегледите, кошаркарот бил пуштен на домашно лекување. Сепак, тоа не значи дека останал без последици бидејќи американските медиуми пишуваат дека му претстои долга пауза и голем број пропуштени натпревари.
Убре дојде во Филаделфија во текот на летото од редовите на Шарлот каде ги помина претходните две сезони. Во НБА влезе во 2015 година кога беше избран како 15. пик од Атланта, но веднаш беше проследен во Вашингтон и таму играше во првите три сезони. Потоа замина во Феникс, а една година го носеше дресот и на Голден Стејт Вориорс.