Откако минатата недела ѝ донесе победа на македонската репрезентација против Данска, Ти Џеј Шортс денеска имаше блескаво издание и во новото коло од Бундеслигата.
Телеком Бон славеше на гостувањето кај Хамбург со 101-72, а не е никакво изненадување тоа што Шортс беше најефикасен играч на натпреварот. За безмалку 27 минути на теренот постигна 24 поени со одличен шут од игра (10/13) на кои додаде 6 асистенции и 3 скока.
Благодарение најмногу на новиот македонски репрезентативец, Телеком Бон се наоѓа на првото место на табелата во Бундеслигата со биланс 6/0. Без пораз е само уште Алба, но со натпревар помалку, утрешниот против Лудвигсбург на домашен терен.