Обрадовиќ ги врати работите во нормала

0Shares
0 0

Откако претходните 3-4 дена главна тема во српските медиуми беше смената на капитенот во Партизан и наводниот инцидент што се случил на тренинг на екипата, Жељко Обрадовиќ вечерва ги врати работите на старо.

По пауза од еден натпревар, капитен на екипата повторно е Раде Загорац откако му беше одземена „лентата“ на дуелот со Лиеткабелис во Еврокупот. Тогаш неговото место го зазеде Немања Дангубиќ, но Загорац вечерва повторно го предводеше тимот на теренот.

Не се прослави многу бидејќи за безмалку 12 минути постигна само еден поен, но изгледа дека проблемите се решени бидејќи вечерва минутажа доби и Родионс Курукс со кого, наводно, Загорац имал обид за физичка пресметка.

0Shares
0 0