Обрадовиќ го доби признанието што му недостасуваше во кариерата

0Shares
0 0

Вечерашниот натпревар меѓу Партизан и Будуќност почна со мала церемонија бидејќи на предводникот на домашниот тим Жељко Обрадовиќ му беше врачена наградата за тренер на сезоната во АБА лигата.

Тој беше прогласен за најдобар на 26 април, а денешниот дуел прв на домашен терен за „црно-белите“ во регионалното натпреварување па затоа беше искористен за доделувањето на признанието.

Ова е прва сезона на Жељко Обрадовиќ во АБА лигата и веднаш дојде до признанието кое, логично, не го освоил досега во кариерата. Затоа три пати беше прогласен за најдобар тренер во Евролигата и два пати најдобар тренер во Европа во изборот на ФИБА.

0Shares
0 0