Обрадовиќ суспендиран, Партизан казнет со 15 илјади евра, ама засега се спаси од најлошото

0Shares
0 0

Дисциплинската комисија на Кошаркарската лига на Србија (КЛС) ги изрече казните за неиграњето на Партизан во плејофот од ова натпреварување.

„Црно-белите“ мораат да платат парична казна од 1.812.000 динари или околу 15 илјади евра по повеќе основи: одбивање да игра натпревар, нарушување на угледот на КЛС и недостасување на документација до канцеларијата на лигата.

Тренерот Жељко Обрадовиќ е суспендиран на четири натпревари што би значело дека може да го пропушти целиот плејоф од идната сезона, ако се игра според сегашниот систем. Истата казна ја доби и службениот претставник на Партизан, Дуле Каравесовиќ, додека одговорното лице Дејан Кијановиќ му е изречена забрана за вршење на должноста во траење од шест месеци.

Навивачите на Партизан најмногу ги интересираше одлуката за тоа дали клубот ќе биде исфрлен од Првата лига и ќе се најде во најнискиот ранг на натпреварување. Засега тоа е одложено и допрва ќе се дискутира на таа тема.

0Shares
0 0