Обрадовиќ збесна, Партизан едвај го победи дебитантот

0Shares
0 0

Иако се очекуваше лесна и убедлива победа против дебитантот во АБА лигата, Партизан со тешки маки дојде до триумфот во Подгорица.

До последните моменти Студентски центар имаше голема шанса да направи изненадување на сезоната, водеше со 82-81 на помалку од две минути пред крајот по што следуваше пеколен финиш на Партизан. Во период од 98 секунди, „црно-белите“ направија 12-1 и дојдоа до победата која ги остава блиску до врвот на табелата. Играта полна со осцилации и лошиот ритам предизвикаа бес кај тренерот Жељко Обрадовиќ кој на тајм-аутите урлаше по своите кошаркари.

Поранешниот играч на Спарс, Кенан Камењаш беше незапирлив, постигна 20 поени и 12 скока за Студентски центар. Кај Партизан, Пантер беше прв стрелец со 17 поени.

фото: архива

0Shares
0 0