Од Дражен и Кукоч, до Јокиќ, Адетокумбо и Дончиќ: НБА бира топ-10 европски кошаркари

0Shares
0 0

Во рамките на одбележувањето на 75-годишнината од формирањето, НБА, меѓу другото, ќе ги бира најдобрите десет европски кошаркари кои настапувале во оваа лига, поделени во две петорки.

Во конкуренција, на сајтот NBA.com/Eurovote, ќе бидат играчи како Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Арвидас Сабонис, Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ, Дирк Новицки, па до актуелните ѕвезди Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо итн. Гласањето за најдобрите десет европски кошаркари ќе се одржи во периодот од 28 март до 10 април 2022 година.

Во моментов на истиот линк се гласа за најдобрата „династија“ во НБА, а во конкуренција се Бостон Селтикс од 60-тите и 80-тите години на минатиот век, Чикаго Булс, Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Резултатите во оваа категорија ќе бидат објавени на 30 ноември. Освен тоа, ќе се гласа и наубав дрес на сите времиња (од 14 до 20 декември) и најдобар европски НБА момент (од 28 февруари до 7 март 2022).

Во сите категории, гласовите на навивачите ќе донесат 50% од конечните резултатите, а останатите 50% се од панел, формиран од претставници на европски медиуми, инфлуенсери и познати личности.

0Shares
0 0