Од градинка до Светско првенство

0Shares
0 0

Од 12 до 19 септември, Oсновно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје ја претставува Македонија на Светското првенство во училишни спортови Белград 2021, каде ќе настапуваат преку 2000 учесници од 48 земји. Ова е најголемиот настан во организација на светската федерација на училишни спортови ИСФ, но пред се во преден план е добра забава, спортско дружење  и запознавање со деца од целиот свет.

Кошаркарскиот школски тим на „Владо Тасевски“  триумфираше во 2019 година на државното првенство, но поради пандемијата со корона вирусот, својата награда ја добиваат сега со учество на оваа голема спортска детска смотра. Истиот тим пред 3 години го освои второто место во првенството на М13 со клубот Водњански лисици.

Нашата екипа е составена од 7 другарчиња (Марче, Фиче, Карло, Цепо, Дими и Борјан) кои се заедно од градинка, а сега се веќе на своето прво светско првенсто. На нив им се приклучени уште шест играчи, нешто помлади, кои играат во школскиот тим.

*Видео од школскиот дрим тим, од времето кога кошаркарите уште беа мали дечиња и ги победуваа сите школски тимови

Повозрасните тренираат секојдневно и меѓу себе се договориле да играат сите во различни екипи за да можат во иднина да бидат дел македонскиот дрим тим.

Кошаркарите на македонскиот претставник е наставникот по физичка култура Амди Муса, кој порано им беше тренер во сребрениот тим на Водњански лисици.

Во составот се наоѓаат: Марко Петровиќ, Филип Стојановски, Карло Димевски, Димитар Динески, Стефан Георгиевски, Борјан Бундалевски, Жарко Терзиевски, Димитар Димитриевски, Филип Нешкоски, Борјан Перковски, Михаил Дамев и Матеј Јованов.

0Shares
0 0