Од Шпанија во МЗТ Скопје!

0Shares
0 0

Српскиот интернационалец Александар Бурсаќ е нов играч на шампионот на Македонија, МЗТ Скопје.

Станува збор за крилен играч, висок 205 сантиметри што значи дека ќе биде замена за Еван Максвел со кого МЗТ минатата недела ја прекина соработката. Најголемиот дел од својата кариера ја помина во ФМП каде настапуваше седум сезони, две години го носеше дресот на Задар, а оваа сезона играше во Шпанија, прво во Жирона, а потоа во Манреса.

Сепак, не може да се пофали со голема минутажа бидејќи во тимот на Жирона одигра четири, а за Манреса еден меч. За Жирона просечно постигнуваше по 1,2 поени, а на единствениот меч за Манреса не влезе во игра.

Своето деби за МЗТ Скопје, Бурсаќ ќе го забележи на неделниот натпревар против Мега во осмото коло од АБА лигата.

0Shares
0 0