Репрезентациите на Македонија за кошаркарки и кошаркари родени 2009 година, од 1 до 5 ноември ќе учествуваат на меѓународниот турнир што ќе се одржи во Скопје, во рамките на проектот „Заедно до 16“.
Присутни ќе бидат и репрезентациите од останатите федерации од овој проект: Косово, Турција, Бугарија и Романија, а натпреварите ќе се играат во салата Кале. Ова е трет и последен турнир за оваа генерација откако првиот се одржа во Бугарија, а вториот во Косово. Претходно имаше и два кампа на кои учествуваа кошаркари од овие пет држави. Од јануари, проектот продолжува со кошаркари и кошаркари родени 2010 година.

Македонските репрезентации се предводени од селекторите Владимир Мирковски (машката) и Горан Крстевски (женската).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЖЕНИ
01.11.2023 Македонија – Бугарија 19:00
02.11.2023 Македонија – Косово 19:00
04.11.2023 Македонија – Турција 19:00
05.11.2023 Македонија – Романија 13:00
МАЖИ
01.11.2023 Македонија – Бугарија 21:00
02.11.2023 Македонија – Косово 21:00
04.11.2023 Македонија – Турција 21:00
05.11.2023 Македонија – Романија 15:00