Поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски на најдобар начин го почна својот нов ангажман – спортски директор на Олимпија.
На функцијата, тој беше назначен пред нешто повеќе од еден месец и досега одлично се снаоѓа во оваа работа. Словенечкиот шампион е исклучително активен на трансфер пазарот и досега се засили со девет нови кошаркари од кои најголем дел се резултат токму на струмичанецот.

Нови играчи на Олимпија се: Џастин Холац, Амаду Шо, Александер Шашков, Грегор Глас, Саша Циани, Дамиан Кружински, Лука Шчука, Јака Блажиќ и Јан Коси, а екипата и нов тренер во Симоне Пјаниџани кој беше договорен пред назначувањето на Илиевски.
Активна како Олимпија е само Црвена Звезда која досега ангажира, исто така, девет кошаркари, но со далеку позвучни имиња. Од досегашниот дел од преодниот рок, јасно е дека Партизан и Звезда се далеку од квалитетот на екипите во АБА лигата и дека немаат шанси со белградските гиганти кога станува збор за борбата за титулата.