Одложен претстојниот натпревар на Бадел во ВАБА лигата

0Shares
0 0

Откако остави одличен впечаток на гостувањето кај Будуќност, екипата на Бадел ќе биде на принудна пауза оваа недела, кога станува збор за натпреварите во ВАБА лигата.

Босанскиот претставник Орлови побара одложување на дуелот кој требаше да се игра в среда во Скопје, поради повеќе позитивни кошаркарки на корона. Екипата нема на располагање осум играчи, колку што е минимумот за одигрување на натпреварот и ВАБА го прифати барањето за одложување.

Тоа не е единствен одложен меч од второто коло на Суперлигата на ВАБА. Од слични причини нема да се игра и натпреварот меѓу Цеље и Будуќност откако словенечиот тим, исто така, пријави повеќе позитивни кошаркарки.

0Shares
0 0