Одложен турнирот во Белград од јуниорската Евролига

0Shares
0 0

И третиот од планираните турнири во јуниорската Евролига, кој требаше да се одржи од 19 до 21 февруари во Белград, е одложен.

По анализирањето на комплетната епидемиолошка ситуација во Белград и Србија, административните проблеми со патувањата со потенцијални ризици, имајќи на ум дека здравјето на сите учесници е најважно, донесена е одлука за одложување.

Организатор на овој турнир е Црвена Звезда која ваквата одлука ја донела во согласност со Евролигата. Двете страни не можат да ја гарантираат сигурноста на учесниците на стандард на кои се навикнати со години, поставувајќи го здравјето, безбедноста и сигурноста на учесниците на прво место.

На турнирот, кој сега е поместен за крајот на март, треба да учествуваат јуниорските екипи на Звезда, Мега, Будуќност, Олимпија, Локомотив Кубан, Макаби, Клуж и Партизан. Минатиот месец беше одложен и вториот турнир чиј домаќин требаше да биде Минхен.

Досега се одржа само турнирот во Валенсија, на кој триумфираше Барселона со нашиот Теодор Симиќ во составот. Во вакви услови, прашање е дали јуниорската Евролига ќе се одигра до крај затоа што Германија е затворена на неодредено време, а завршницата е планирана за Келн од 27 до 30 мај.

0Shares
0 0