Неполна недела откако со Партизан ја освои титулата во АБА лигата, францускиот центар Матијас Лесор го напушти белградскиот клуб.
Нова станица во неговата кариера е најтрофејниот грчки колектив Панатинаикос со кого потпиша договор на две години. Со тоа, Лесор е прв кошаркар кој официјално го си замина од Партизан по завршувањето на сезоната, а соиграч ќе му биде довчерашниот играч на Црвена Звезда, Лука Вилдоса со кого биеше тешки битки во штотуку завршената натпреварувачка кампања.
Signed on the dotted line ✍
Welcome to our family Mathias Lessort! ☘
Read more: https://t.co/3g4WndvDtA#paobc #panathinaikos pic.twitter.com/711Qtox3W2
— Panathinaikos BC (@paobcgr) June 27, 2023
Во дресот на Партизан, Французинот постигнуваше просечно по 10 поени и 4,1 скок во АБА и 12,1 поен и 7,3 скока во Евролигата. Со неговото ангажирање, Панатинаикос го продолжува процесот на реновирање на тимот кој под раководство на Ергин Атаман претстојната сезона ќе се обиде да се врати во борба за титулата и во грчкото првенство и во Евролигата.