ОФИЦИЈАЛНО: Одложен АБА 2 турнирот во Бања Лука

0Shares
0 0

Како што денеска најави КОШ.МК, АБА го одложи четвртиот турнир од втората дивизија кој беше планирано да се одржи идната недела во Бања Лука.

Причините се оние кои ги објави КОШ.МК – ширење на бранот од корона вирусот кој предизвика деликатна епидемиолошка ситуација во регионот.

Место од 17 до 23 јануари, овој турнир ќе се одржи од 6 до 12 февруари кога на програмата ќе бидат осмото, деветтото и десеттото коло.

0Shares
0 0