ОФИЦИЈАЛНО: Тренерот на Бостон суспендиран цела сезона

0Shares
0 0

Тренерот на Бостон Селтикс, Име Удока доби суспензија и ќе ја пропушти цела сезона 2022/23 поради кршење на клупскиот правилник.

Вакво нешто беше најавено уште вчера, кога американските медиуми открија дека имал сексуална врска со своја колешка што е забрането, според статусот на Селтикс. За тоа се знаело уште во текот на летото, но откриено беше дека Удока бил пријавен од неименувана женска личност. Интерната истрага е завршена со затворен состанок во франшизата на кој присуствувале Удока, Бред Стивенс и сопствениците на Селтикс.

„Сакам да им се извинам на играчите, навивачите и целата заедница на Бостон, но и на семејството бидејќи сите ве изневерив. Жалам поради тоа низ што поминувате и ја прифаќам одлуката за суспензија. Поради респект кон сите, нема натаму да ја коментирам ситуацијата“, изјави Удока.

Тој дојде во Селтикс лани и во првата сезона го однесе тимот во финалето од НБА, каде загуби од Голден Стејт во шест натпревари. Тој не доби отказ, туку само ќе биде суспендиран, а екипата во новата сезона ќе ја води помошникот Џо Мазула.

0Shares
0 0