Американскиот интернационалец Тајрон Лајонс е нов член на дебитантот во македонската елита Охрид.
Лајонс пристигна во Македонија минатата недела и веќе дебитираше на мечот против Работнички на кој одигра речиси 25 минути и постигна четири поени и два скока. Во Охрид доаѓа од српскиот тим Металац Ваљево каде настапи на седум средби од тамошниот шампионат.
Новиот кошаркар на Охрид е висок 201 сантиметар и ја пккрива бековската позиција. Со него во тимот, охриѓани ќе се обидат да се оддалечат од дното на кое се најдоа по завчерашниот триумф на Академија ФМП против Чаир.