Турскиот репрезентативец, роден во Охрид, Џеди Осман по шест години ја смени екипата во НБА во која ќе настапува.
Од преселбата во САД, тој го носеше дресот на Кливленд Кавалирс и остави одличен впечаток, но франшизата од Охајо денеска го вклучи во трејд и го пресели во Сан Антонио Спарс и Мајами Хит. Освен Осман, Спарс го доби неговиот соиграч Ламар Стивес и пик во втората рунда на драфтот, Мајами доби право на избор во втората рунда на драфтот, а Кливленд го доби Макс Струс.
Со овој трејд, Осман добива шанса да игра со првиот пик на годинашниот драфт и најголема НБА сензација во последните две децении Виктор Венбанјама и под водство на Грег Попович. Сепак, познавачите на најсилната светска кошаркарска лига не исклучуваат уште еден трејд на охриѓанецот до почетокот на новата сезона.