Оклахома го отпушти Дек, ќе реагира ли Барса?

0Shares
0 0

Авантурата на Габриел Дек во Оклахома Сити Тандер траеше само осум месеци бидејќи раководството на франшизата денеска одлучи да го отпушти аргентинскиот репрезентативец.

Дек дојде во Оклахома пред почетокот на плеј-офот во АЦБ лигата минатата сезона, оставајќи го на цедило својот тим кој потоа не успеа во борбата за шампионската титула со Барселона. За сума од 14,5 милиони долари потпиша четиригодишен договор со Оклахома, но само првите две сезони му беа загарантирани, а притоа од свој џеб му плати на Реал отштета од два милиона долари.

Престојот во Тандер воопшто не беше блескав, Аргентинецот просечно постигнуваше по 2,6 поени, 0,9 скока и 0,7 асистенции на седумте натпревари оваа сезона. Според американските медиуми, Оклахома со овој потег сака да остави простор за трејд пред крајот на преодниот рок.

Интерес за Дек од НБА во моментов нема, па нема да биде изненадување ако тој се врати во Европа. Пред почетокот на сезоната за него беше заинтересирана Барселона која доминира во Евролигата, а и во домашното првенство е при врвот.

0Shares
0 0