Актуелниот грчки шампион денеска го договори канадскиот интернационалец Наз Митру Лонг кој во Пиреја се сели од Жалгирис.
Тој би требало да биде засилување за бековските позиции имајќи предвид дека има завидна евролигашка и НБА кариера. Пред Жалгирис, играше за Армани, а претходно и за Јута Џез и Индијана Пејсерс. Во литванскиот тим немаше голема минутажа, па неговото заминување и не е изненадување.
Не е исклучено наскоро Олимпијакос да се засили со уште еден играч, на центарската позиција каде прва опција е српскиот интернационалец Филип Петрушев.