Дресот со број 7 кој 11 години го носеше Василис Спанулис, денеска ќе биде повлечен од употреба во Олимпијакос како прв во историјата на овој клуб.
Славниот грчки кошаркар играше во клубот од Пиреја од 2010 до 2021 година и во тој период освои две титули во Евролигата, три во грчкото првенство и еден во националниот Куп, а освои уште низа индивидуални признанија со што го стекна статусот „Легенда на Олимпијакос“. Во овој тим се пресели директно од големиот ривал Панатинаикос што во 2010 година предизвика земјотрес во грчката кошарка.

Манифестацијата во арената „Мир и пријателство“ ќе се одржи за време на вечерашниот пријателски натпревар против Олимпија Милано кој ќе почне во 19 часот по средноевропско време.