Клупската сезона во европската кошарка официјално заврши вечерва, со „мајсторката“ од италијанското првенство во кое играа Олимпија Милано и Виртус.
Победи Олимпија со 4-3, благодарение на вечерашната победа до 67-55 и по 30. пат стана шампион на Италија. Ниедна од екипите не успеа да направи брејк во финалната серија, најблиску до тоа беше Олимпија во четвртиот натпревар кој беше решен по продолжение, но не успеа да направи сензационален пресврт по високата негатива.
OLIMPIA MILANO WINS ITS 30TH SCUDETTO 🇮🇹 pic.twitter.com/S57c3WL1Mt
— Cesare Milanti (@cesaremilanti) June 23, 2023
Многу дилеми околу денешниот натпревар, Олимпија реши во првата четвртина во која направи предност од 21-6. Виртус до полувреме се доближи на девет поени негатива, но третиот квартал помина во исклучително неефикасна игра и им припадна на домаќините со 10-5, па во последните десет минути Олимпија влезе со предност од 14 разлика кои се покажаа недостижни за тимот од Болоња.
LBA FINALS 2023 🇮🇹🏆 – @nikmelli alza la coppa, l’Olimpia Milano è campione d’Italia 2022-23 pic.twitter.com/9nnfoOLOwm
— Basketball-Evolution (@bball_evo) June 23, 2023
Освен што Олимпија ја стави третата ѕвездичка на своето лого, тренерот Еторе Месина ја освои шестата титула во италијанското првенство со што е еден од најтрофејните во историјата на оваа лига. Серџо Скариоло, пак, веројатно за последен пат го водеше Виртус бидејќи одамна се шпекулира дека ќе го преземе Реал Мадрид.