Светските првенства не се голем предизвик за најголемите американски ѕвезди, но тоа не е случај со олимписките игри.
По дебаклот на Мундијалот на Далечниот исток и освоеното четврто место, Американците веќе се подготвуваат за Игрите во Париз идната година каде повторно ќе атакуваат на златото. Од 1992 година, САД само еднаш не ја освоија титулата на олимписките игри и тоа во Атина 2004, а на највисокото место на пиедесталот ќе атакуваат и на следната ваква манифестација.
Американските медиуми најавуваат дека САД во Париз ќе одат со најголемите ѕвезди, предводени од Леброн Џејмс кому Олимписките игри во 2024 година би требало да му бидат круна на кариерата. Последен пат, тој играше за репрезентацијата во Лондон во 2012 година, а ќе се обиде да го освои и третото злато.
Заедно со него, во тимот би требало да бидат и Стеф Кари, Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Дејмијан Лилард, Кајри Ирвинг итн. што навистина би бил „дрим-тим“ и секако убедливо прв фаворит за титулата.