Оживеаја спомените на КК Центар…

0Shares
0 0

Формиран пред крајот на 70. години на минатиот век, до пред околу една деценија, успешно функционираше скопскиот кошаркарски клуб Центар.

Своите најдобри денови ги забележа по осамостојувањето на Македонија кога беше стабилен второлигаш со неколку настапи и во Првата лига. Со оглед на квалитетот на Втората лига во тој период, резултатите на Центар не беа занемарувачки, а низ годините, меѓу другите, во него продефилирираа голем број младински репрезентативци кои таму го стекнуваа потребното искуство за настап во највисок ранг.

Во рамките на клубот функционираше и школа во која во машка и женска конкуренција тренираа повеќе од 200 деца. За жал, сето тоа пропадна, но останаа спомените на едно убаво време за сите во Центар.

А, нив ги оживеаја ветераните на клубот кои по подолго време се собраа на заедничка вечера. На главната фотографија се: Горан Русмир, Горан Ковачевиќ Ковач, Зоран Петровиќ Петко, Слободан Кочевиќ Бајо, Горан Крстевски Кичо, Марко Франговски Франго, Ненад Ковачевиќ и Коста Стојановски Коки.

Сите тие во еден период од својот живот играле за Центар, некои подоцна беа и во стручниот штаб или управата на клубот и заеднички придонесуваа тој да остане на македонската кошаркарска сцена.

0Shares
0 0