Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Пајиќ го продолжи договорот со Чаир на уште една сезона.
Во северната скопска општина, тој дојде во вториот дел од минатата натпреварувачка кампања, од Навико Академија ФМП и имаше голем придонес во обезбедувањето опстанок на екипата. На 11 натпревари, просечно постигнуваше по 9,5 поени и 2,6 скока со индекс 8,5
Претходно, чаирчани ги продолжија договорите и со Јован Александровски и Фатјон Реџа, а во претстојниот период треба да ја пополнат квотата и за странски кошаркари.