Падна првата тренерска глава во НБА

0Shares
0 0

Само еден месец по почетокот на новата сезона, дојде до првата тренерска смена во најсилната светска кошаркарска лига.

Прва жртва е досегашниот предводник на Сакраменто Кингс, Лук Волтон кој доби отказ по лошиот старт на шампионатот и билансот 6/12 во првите 18 меча. Тој го презеде тимот од главниот град на Калифорнија на 14 април 2019 година, но не успеа да направи посериозен успех и на 161 натпревар оствари само 68 победи.

Главна цел на раководството на Кингс беше, конечно, екипата да се пласира вп плеј-офот бидејќи во моментов го има најдолгиот пост во лигата кога станува збор за место во разигрувањето за титулата. Последен пат Сакраменто беше таму во 2006 година, под водство на Рик Аделман, а оттогаш се сменија десет тренери и никој не успеа да ја однесе екипата во плеј-офот.

Американските медиуми најавија дека на местото на Волтон ќе биде назначен Алвин Џентри, но како можна замена се спомнува и поранешниот долгогодишен играч на Сакраменто, Даг Кристи.

0Shares
0 0