Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун од денеска е играч со највисок договор во историјата на кошарката откако ја продолжи соработката со својот тим на уште пет сезони за 304 милиони долари.
Ваквиот развој на настаните е мало изненадување бидејќи Браун не е прва ѕвезда во својот тим, туку тој статус го има Џејсон Тејтум. Сепак, очигледно е дека неговиот менаџер Џејсон Глушон завршил одлична работа и му обезбедил одличен договор на својот клиент кој со ова го собори досегашниот на Никола Јокиќ што изнесуваше 276 милиони долари.
Минатата сезона Браун просечно постигнуваше по 26,6 поени, а новиот договор ќе почне да важи од сезоната 2024/25. Во првата сезона ќе заработи 52,3, а во последната 69,1 милиони долари.