Пак европеец ќе доминира во НБА: Дончиќ прв фаворит за МВП признанието

0Shares
0 0

Иако оваа сезона во НБА лигата не е завршена, светските обложувалници ги објавија квотите за МВП наградата за идната.

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ е прв кандидат за признанието и ако го освои, четврта година по ред, во НБА ќе доминира европски кошаркар. Квотата на Дончиќ изнесува 4, прв зад него е Џоел Ембид со 7, па Дурант и Адетокумбо со 8. Интересно е тоа што актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ е дури осми фаворит со коефициент 15.

Претходните три сезони ласкавото признание им припадна на Јанис Адетокумбо и Јокиќ. Гркот го освои во 2019 и 2020, а Србинот во 2021 година.

0Shares
0 0