Пак недостасуваат шест играчи…

0Shares
0 0

Нешто слично како во августовските пртквалификации, селекторот Драган Бајиќ не може да смета на сите кошаркари и има големи проблеми околу составувањето на репрезентацијата пред првите два квалификациски дуела.

Освен повредените Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски, како и Андреј Јакимовски кој игра во НЦАА, тој остана без уште тројца кошаркари на стартот на подготовките.

„Списокот беше поширок, но го скратив пред почетокот на подготовките, а морам да кажам дека пред првиот тренинг останавме без уште тројца. Лејсон Зеќири не се појави, не знам уште од кои причини, веројатно луѓето од федерацијата имаат повеќе информации на таа тема.

Љубомир Младеновски дојде на прозивката, но истото утро се пожали на вирус. Вчера зборував со него, уште не се чувствува добро и сметав дека е голем ризик во таква здравствена состојба да биде во тренажен процес бидејќи може да пренесе на некој од останатите кошаркари. Стојан Ѓуроски, исто така дојде, но полувствува болки во мускулот, а по прегледите е утврдено дека има руптура и нема да може да игра. Младеновски и Ѓуроски нема да играат ни против Украина.

Ова значи дека и во овие квалификации нема да имаме на располагање шест играчи од кои, сите ќе се согласат, би можеле да ја формираме почетната петорка против Шпанија“, додаде Бајиќ.

0Shares
0 0