Пак соборен рекордот на Евролигата, пробиена границата од 20 илјади!

0Shares
0 0

Првпат оваа сезона на натпревар од Евролигата присустуваа повеќе од 20 илјади гледачи. Се разбира, тоа се случи на натпреварот на Партизан против Олимпијакос кој беше од огромно значење за „црно-белите“ во борбата за пласман во плејофот.

Во белградската Арена, вечерва имаше точно 20.003 присутни, во најголем дел навивачи на Партизан. Тоа е најголема посетеност на еден евролигашки натпревар сезонава и шести во историјата на елитното европско натпреварување.

И претходниот рекорд го држеше Партизан, но тој издржа едвај еден месец бидејќи беше поставен на 23 февруари годинава. Тој ден, на дуелот против Фенербахче присуствуваше 19.661 гледач.

0Shares
0 0