Грчкиот гигант и поранешен европски шампион Панатинаикос е на добар пат да ги реши сите финансиски проблеми откако денеска потпиша договор за главен спонзор на клубот.
Во таа улога ќе биде градежната компанија која е позната и во Македонија бидејќи градеше еден од автопатите во земјава. Поради тоа, атинскиот клуб го смени и името, односно го додаде спонзорот, па во иднина ќе се вика Панатинаикос Актор.
„Детелинките“ полека се враќаат на победничките патеки, а на денешната прес-конференција на која беше претставен новиот спонзор, тренерот Ергин Атаман порача дека екипата е подготвена да оди и на Ф4 од Евролигата оваа сезона.