Два дена откако ја потресе цела Европа со договорот со Костас Слукас, најтрофејниот грчки клуб Панатинаикос го донесе во своите редови и седмото засилување за новата сезона.
Станува збор за уште еден плејмејкер, 30-годишниот Американец, Џериан Грант кој минатата сезона ја помина во тимот на Турк Телеком. Во дресот на турскиот тим играше одлично во Еврокупот каде беше прогласен за МВП на основниот дел од сезоната, постигнувајќи просечно по 14,8 поени, 6 асистенции и 3,2 скока.
Welcome to Athens, @JerianGrant! 🤝☘️
Read More 👉 https://t.co/kqWl3T5bul#WeTheGreens #paobc pic.twitter.com/TcVLNBiY0D
— Panathinaikos BC (@paobcgr) July 10, 2023
Дел од кариерата, Грант помина во НБА лигата, а има искуство и во грчката кошарка бидејќи една сезона (2020/21) играше во тимот на Промитеас.