Паника во Клиперс: Џорџ не се враќа до крајот на сезоната!?

0Shares
0 0

На средина од сезоната во НБА лигата, работите воопшто не одат добро за Лос Анџелес Клиперс.

Кавај Ленард има повреда на коленото и досега воопшто не настапи во оваа натпреварувачка кампања, а постои опасност екипата до крајот на сезоната да остане без втората ѕвезда во составот Пол Џорџ. Тој влече повреда на рамото и не играл од 23 декември и мечот со Сакраменто Кингс, а прогнозите за него воопшто не се оптимистички.

Во досегашниот дел од сезоната тој просечно постигнуваше по 247 поени, 7,1 скока и 5,5 асистенции и практично сам го носи тимот кон плеј-офот. Веројатно наскоро таа улога ќе ја преземе Ленард за кого американските медиуми тврдат дека заздравува побрзо од очекувањата и би можел брзо да се врати на терените.

0Shares
0 0