Апсолутно заслужено, американскиот интернационалец Кевин Пантер беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија од АБА лигата.
Најдобар беше на натпреварите на кои Партизан победи, а особено вечерва, постигнувајќи 32 поена. Пантер не можеше да ги задржи солзите, па многу емотивно го преживеа целиот чин на доделувањето на признанието.
Додека се случуваше тоа, над 22 илјади навивачи на Партизан му грмеа „остани, остани“, со оглед на тоа што неговиот договор истекува, а сериозно се зборува дека својата кариера, тој ќе ја продолжи во Панатинаикос.