Партизан донесе конечна одлука – не игра во домашното првенство!

0Shares
0 0

Поранешниот европски шампион нема да се натпреварува во плејофот од српската Суперлига во сезоната 2021/22.

Како причина за ваквата одлука, белградскиот клуб ги наведе случувањата во неодамнешната финална серија од АБА лигата каде имаше голем број инциденти и прекини.

„Со овој чин, Партизан сака да испрати порака дека повеќе не сака да биде дел од хулигански пирови на неодговорни поединци, без разлика дали навиваат за нас или за Црвена Звезда. Основано се сомневаме дека евентуално ново финале меѓу Партизан и Црвена Звезда би бил уште еден полигон за изживување на хулиганите и испраќање грозна порака во светот.

Овој став на клубот е единствен и го поддржаа сите негови членови, од Управата, претседателот, стручниот штаб до играчите. Партизан останува на својот пат, свртен кон натпреварувањата во регионот и под закрила на Евролига, без какви било идеи да се натпреварува во други лиги“, се вели, меѓу другото, во соопштението од КК Партизан.

Како што беше најавено во текот на денот, за оваа постапка на Партизан се предвидени драстични санкции, меѓу кои и исфрлање два ранга подолу во кошаркарската хиерархија на Србија. „Црно-белите“ требаше утре да играат против ФМП, а уште минатиот месец објавија дека не се согласуваат со новоутврдениот систем на натпреварување кој беше воведен за оваа сезона.

0Shares
0 0