Вицешампионот Партизан ја победи Црвена Звезда со 88-80 во првиот меч од финалната серија во АБА лигата.
„Црно-белите“ водеа во текот на сите 40 минути, а клучната предност ја направија во првото полувреме кога водеа и со 22 разлика (54-32). Во вториот дел, Звезда имаше неколку сериозни налети, можеше да направи драма во финишот, но во клучните моменти нејзините кошаркари промашија важни шутеви со кои пропуштија можност за пресврт и брејк. На 83-77 за Партизан, на околу три минути пред крајот, Недовиќ промаши чиста тројка, а потоа и Кампацо не успеа во контранапад. Пантер го искористи тоа за да го однесе својот на +8, Бентил врати со тројка, на Папапетру и Лесор од линијата за слободни фрлања ставија точка на мечот.

Најефикасен кај Партизан беше Зек Ледеј со 24 поени, но 20 од нив во првото полувреме. Пантер додаде 19 поени, но еден од клучните играчи, особено во третата четвртина, беше Ален Смаилагиќ кој реализира 11 поени. Звезда беше еден од најдобрите играчи во тимот Лука Вилдоса кој се повреди во финалето од српското првенство. Најефикасен беше Огњен Добриќ со 17 поени, а Кампацо оствари дабл дабл со 15 поени и 10 асистенции.
И вториот натпревар од серијата се игра во белградската Арена, в четврток од 20 часот. Титулата ќе ја освои екипата што прва ќе дојде до три победи.