Партизан ќе биде исфрлен во трета лига!?

0Shares
0 0

На Кошаркарскиот клуб Партизан му се заканува елиминација од српската Суперлига ако до крајот на денов не предаде список на кошаркари на кои ќе смета во завршницата од сезоната во домашното првенство.

Првиот меч за „црно-белите“ е закажан за утре, против ФМП, но според досегашните најави од Партизан, до натпреварот нема да дојде. Тоа, според правилникот за натпреварување во КСС со себе носи последици.

„Клубот кој ќе истапи, односно се откаже од веќе почнатото натпреварување (по ждрепката за натпреварувачките броеви) или биде исклучен во текот на сезоната, во следната натпреварувачка кампања може да учествува во два степена понизок ранг од оној од кој истапил или е исклучен“, пишува во правилникот.

Тоа значи дека Партизан би бил исфрлен во трет степен на натпреварување ако денеска не го предаде списокот на кошаркари. Постои опција, „црно-белите“, сепак, да играат, но со кошаркари од младинскиот погон.

0Shares
0 0