По двете победи против Црвена Звезда, Партизан доживеа пораз во Евролигата од екипата на Басконија.
Шпанците славеа со 84-83 во мечот кој беше неизвесен до последната секунда. Партизан имаше голема шанса да го прекине проклетството во Виторија, поведе со 83-82 со поените на Нанели на 12 секунди пред крајот, но не го издржа последниот напад на домашниот тим. Монеке под кошот беше фаулиран од Јарамаз и потоа ги погоди двете слободни фрлања за крај на серијата од пет порази на Басконија во сите натпреварувања. Ситуацијата многу наликуваше на ланскиот меч во Виторија кога Партизан во последната секунди од основниот дел прими тројка од Хауард за израмнување, па во продолжение триумфираше шпанскиот тим.
Во клучните моменти блеснаа поранешните играчи на Партизан, Вања Маринковиќ и Коди Милер Мекинтајер кои постигнаа неколку важни поени и ја одржаа Басконија во живот. Својот најдобар натпревар откако е меѓу „црно-белите“ го одигра Тристан Вукчевиќ кој за помалку од 19 минути на теренот постигна 13 поени со само едно промашување од игра.
Двете екипи сега имаат биланс 2/4 и се наоѓаат во долниот дел од табелата. Во следното коло Партизан го пречекува Фенербахче, а Басконија оди на Олимпијакос.