По продолжувањето на договорот со Кевин Пантер, Партизан, како што тврди српскиот портал Телеспорт го направил истото со уште една важна алка во својот состав.
Станува збор за крилниот играч Зек Ледеј кој, како што тврди порталот, се обврзал на уште двегодишна верност кон белградскиот клуб чиј дрес го носеше последните две сезони. Со оглед на неговата улога во тимот на Партизан во текот на сезоната, ова е исклучително важен момент за белградскиот состав. Од редовите на Партизан веќе си заминаа Лесор и Ексум кои се преселија во Панатинаикос, односно Далас Маверикс.
Ова лето, Ледеј ги одбил понудите на Макаби и Монако, а последната сезона во дресот на Партизан ја заврши со просек од 10,7 поени и 4,6 скока во Евролигата.