Откако вчера го елиминира братскиот Будуќност, Студентски Центар денеска приреди уште една сензација и го освои пехарот во четвртото издание од АБА Суперкупот.
Во големото финале, подгоричкиот тим славеше против Партизан со 83-81 и покажа дека резултатите од претходните денови не биле случајност. Цел меч беше рамноправен со АБА шампионот за со серија од 10-0 во финишот и тројка на четири секунди пред крајот да стави точка на можеби најголемата сензација во постоењето на ова натпреварување.
Херој на Студентски Центар беше Борна Капуста кој јаа постигна тројката за победа на неговиот тим. Во последниот напад Камински имаше можност да донесе израмнување и продолжение, но неговиот шут беше непрецизен.

Обри Доукинс беше најефикасен кај Студентски Центар со 18 поени, но за МВП на АБА Суперкупот беше прогласен неговиот соиграч Кенан Камењаш. Кај Партизан, кој очигледно се соочува со многу проблеми пред почетокот на новата сезона и е далеку од посакуваната форма, прв стрелец беше Кевин Пантер со 23 поени.