Играњето во белградската Арена постојано се покажува како полн погодок за Партизан кој на речиси сите натпревари во АБА и Евролигата имаше огромна помош од трибините.
Освен што собра огромни финансиски средства, поранешниот европски шампион ги собори сите рекорди по посетеност на дуелите во двете натпреварувања. Од синоќа го има новиот рекорд по бројот на гледачи на меч од АБА лигата откако на првиот дуел од финалето против Црвена Звезда, имаше 18.324 фанови. Интересно е тоа што претходниот рекорд, кој исто така беше во сопственост на Партизан, е соборен за точно 1.200 навивачи бидејќи тој изнесуваше 17.124.
Партизан на домашен терен ги има трите најпосетени и шест од десетте натпревари со најголем број гледачи во историјата на АБА лигата.