Партизан подготвува експлозија: Џалил Окафор доаѓа во Белград!?

0Shares
0 0

На три дена пред почетокот на новата сезона во Еврокупот, поранешниот европски шампион се поврзува со довчерашниот НБА играч Џалил Окафор.

Минатата сезона тој ја заврши во Детроит, пред 20-тина дена потпиша за Атланта, но во понеделникот доби отказ од овој тим, па сега е слободен играч, без ниедна понуда од НБА лигата. Поради тоа ги разгледува сите опции, а најсериозната во моментов, според бројни европски медиуми, е онаа од Партизан.

Окафор игра на центарскаа позиција, висок е 208 сантиметри, а во 2015 година беше избран како трет пик на драфтот од Филаделфија, каде ги помина првите две професионални сезони во кариерата. Потоа играше и за Бруклин, Њу Орлеанс и Детроит, но никаде не ги оправда очекувањата, а најдобра сезона му остана дебитантската во која постигнуваше по 17,5 поени и 7 скока по натпревар.

Ситуацијата со Окафор ја следи и ЦСКА која остана без Торнике Шенгелија во следните два месеца и е во потрага по нов центар.

0Shares
0 0