Партизан со убедлива победа тргна кон првото финале по пауза од девет години

0Shares
0 0

Иако е најтрофеен тим во АБА лигата, Партизан не го освоил пехарот во ова натпреварување од 2013 година од кога датира и последниот настап во финалето.

За да ја собори таа лоша традиција, потребна му е победа во серијата против Будуќност, а такво нешто најави со убедливата игра на вечерашниот прв натпревар. На домашен терен Партизан славеше со 82-66 и во следните два меча, на 15 и 20 мај му е потребен уште еден триумф за да ја оствари својата прва цел.

„Црно-белите“ доминираа на денешниот натпревар, а Будуќност можеше да парира само во првата четвртина. Втората почна со серија од 9-0 за домашниот тим за +12, за нешто подоцна, по тројката на Пантер, Партизан да поведе со 39-22. Најмногу што успеа да намали Будуќност во натамошниот дел од мечот беше -7 во третиот квартал.

Зек Лидеј со 19 поени беше најефикасен во тимот на Партизан, а се истакна и Лесор со 11 поени, 9 скока и 6 асистенции. Кај Будуќност, Кобс постигна 14 поени.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Црвена Звезда и Олимпија кои својата серија ја почнуваат утре.

0Shares
0 0