Партизан Водно Санс е во финале!

0Shares
0 0

Кадетите на Партизан Водно Санс ја минаа и претпоследната пречка во Европската младинска кошаркарска лига и утре ќе се борат за титулата во ова натпреварување.

Во денешното полуфинале, нашиот тим беше подобар од финскиот Тарту со 95-84, но и конечниот резултат не е реална слика на она што се случуваше бидејќи во последната четвртина Партизан Водно Санс влезе со предност од 20 разлика. Поради завршената работа, кошаркарите на Горан Андреевски малку се опуштија, па противникот успеа да намали нешто од високата негатива.

Иако сите играчи заслужуваат честитки за прикажаното, најголемите заслуги ги имаат Никола Јаничиќ и Дамјан Ивановски. Првиот постигна 30 поени, 12 скока, 6 асистенции и 6 украдени топки, без загубена топка за индекс 43, а вториот реализира 26 поени и 12 скока за индекс 31.

Финалето е на програмата утре од 9 часот изутрина, а противник на Партизан Водно Санс ќе биде подобриот од дуелот меѓу ДСН од Летонија и Дан Дачијан од Романија.

фото: Клеј Бутемер

0Shares
0 0