Партизан Водно Санс поубедлив и од вчера, следува четвртфиналето

0Shares
0 0

Кадетите на Партизан Водно Санс без проблеми обезбедија пласман во четвртфиналето од завршниот турнир во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) што се одржува во Финска.

И во вториот меч нашиот тим беше подобар од домашниот Ура Баскет, сега дури и поубедлив од вчера и славеше со 84-54. Финците издржаа само во првите пет минути кога резултатот беше 16-15. По серијата од 11-0, Партизан Водно Санс дојде до двоцифрена предност која потоа, до крајот само ја зголемуваше.

За разлика од вчера, кога се истакна Никола Јаничиќ, сега повеќе кошаркари го презедоа товарот. Најефикасен беше Лука Марјановиќ беше најефикасен со 17 поени, Јаничиќ постигна 16, а Дамјан Ивановски оствари дабл-дабл со 15 поени и 13 скока за највисок индекс на мечот – 30.

Нокаут фазата, Партизан Водно Санс ја почнува утре во 11 часот кога се среќаваат со репрезентацијата на Грузија која досега има биланс 1/1.

фото: Клеј Бутемер

0Shares
0 0