Партизан загуби од Задар со 56 разлика, на теренот остана со двајца кошаркари

0Shares
0 0

Младинскиот тим на Партизан го претрпе својот најубедлив пораз во АБА лигата откако загуби од Задар со 46-102.

Не станува збор за толкава разлика во квалитет меѓу двете екипи, туку за голем проблем во редовите на „црно-белите“. Поради стомачен вирус, Партизан го почна натпреварот со шестмина кошаркари, а потоа, поради лични грешки, белграѓани останаа со само двајца на теренот, колку да го завршат мечот: Богдан Заграѓанин и Турчинот, Ефе Тахмаз.

Стомачен вирус го нападна и Задар, но тренерот на овој тим можеше да смета осум кошаркари, а до крајот останаа шестмина. Турнирот од јуниорската АБА лига се игра во Лакташи, а веднаш по синоќешниот меч, експедицијата на Партизан замина за Белград и нема да го игра денешниот дуел со домаќинот Игокеа.

0Shares
0 0