Пејтон јуниор го трола татко му: Пред него освоив титула!

0Shares
0 0

Семејството Пејтон ноќеска стана петто во историјата во кое татко и син ја освоиле титулата во НБА лигата.

Гери Пејтон ll како член на Голден Стејт дојде до првиот шампионски трофеј во кариерата и му се приклучи на својот татко кој тоа го направи прд 16 години. По шестиот натпревар, помладиот имаше интересна изјава, посветена на татко му.

„Никогаш не помислив дека може да се случи вакво нешто, а пред него освоив титула. Сега имам аргумент со кој ќе му се спротивставам и затоа убаво се чувствувам“, се пошегува Пејтон ll.

Повозрасниот Гери освои титула во НБА на залезот на својата кариера, во 2006 година со Мајами, на 37-годишна возраст. Иако важеше за еден од најдобрите играчи во својата ера, не дојде до трофејот ни со Сиетл, ни подоцна со Лејкерс, а два пати играше во финалната серија. Помладиот Пејтон има 29 години и можност до крајот на кариерата да го помине својот татко.

0Shares
0 0